среда, 29. март 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Жителите од Дижонска до Ганиу: Те гласавме но не ги исполни ветувањата

Жителите од Дижонска до Ганиу: Те гласавме но не ги исполни ветувањата

Жителите од Дижонска во завчерашното издание на емисијата Клик Плус-Одаја која се емитува на ТВ21 отворено зборуваа за локалните теми и проблеми а истовремено упатија и многу критики кон актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу.

„На една средба беше ветено.  Јас бев сам,  како жител од Дижонска. Самиот кажа. Тоа беше иницијатива на градоначалникот на општина Чаир, пред тебе, Изет Меџити. Имаме план-програма која беше ветена – катна гаража. И ти рече дека со вашата помош, со помош на граѓаните… има луѓе кои беа присутни. Рече – Бетим го има проектот и тој паркинг ќе биде изграден. Сето она што се случи на улицата 23, 21 и 19 е поради паркингот и електричната енергија“.

Ова беа само дел од обвинувањата на адреса на првиот човек на Чаир. Жителите настојуваа дека сите овие ветувања Ганиу им ги дал пред локалните избори за време на средбите што ги имал со нив. Но, Ганиу не се согласува со тврдењата на граѓаните.

-Неколкупати се спомна паркингот кој сум го ветил. Ви гарантирам дека со моето доаѓање, по цели ноќи ја подготвуваме мојата програма, и во Дижонска немам ветено никаков паркинг. Го имам договорот и пред себе-рече Ганиу.

Ова не беше единствениот вербален судир во емисијата. Жителите го обвинија Ганиу дека никој не се грижи за хигиената на улицата Дижонска.

-Улицата Дижонска брои околу 10 илјади жители, нема улица во Скопје со 10 илјади жители. Никогаш не се чисти. И јас плаќам исто како што плаќа Македонецот во Ѓорче, Драчево или Центар. И јас сум даночен обврзник. Дали некогаш се чисти улицата Дижонска? Доаѓаат луѓето ангажирани за собирање на отпадот, ја истресуваат кантана на улица, и потоа го собираат поголемиот отпад и си одат. Каде оди тој отпад?-прашува жител на Дижонска.

Но, Ганиу и на ова прашање имаше одговор. Демантирајќи ги тврдењата на жителите, рече дека поседува факти и докази дека се вработени 40 лица за чистење на улиците во Дижонска. Жителите го потсетија Ганиу и за ветувањето што им ги дал за електричната енергија, изградбата на улици, канализационата и водоводната мрежа.

loading...