вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 52
home Скопје

Жителите на Шуто Оризари протестираа- револтирани поради лошите патишта

Жителите на Шуто Оризари протестираа- револтирани поради лошите патишта

Неколку жители од Шуто Оризари ја блокираа улицата „Словенечка’’. Тие се револтирани поради уништените патишта кои според нив не се реконструирани неколку години.

Пред камерата на ТВ21 велат дека ниту еден градоначалник досега не се интересирал за да ги асфалтира патиштата.

-Патот е катастрофа. Веќе 10 години никој не направил ништо. Градоначалникот мисли дека нема да протестираме. Протестот ќе биде масовен секој ден. Нека не мисли градоначалникот дека нема да излеземе. Рекоа дека овие три патишта не постојат. Со чии гласови беше избран тој-вели жител на Шуто Оризари.

За да добиеме одговор од општинските власти, ТВ21 се обрати до општина Шуто Оризари, но таму немаше никој.

Иако законски, општинската администрација треба да работи до 16:00 часот, 30 минути пред 16:00 часот ТВ21 ја посети општина Шуто Оризари, но тие не се тука.

Жителите револтирани велат дека нивниот протест и блокирањето на улицата ќе продолжи и во следните два дена.