понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 79
home Скопје

Жителите на „Лазар Димитров“- заложници на општина Кисела Вода (ФОТО)

Жителите на „Лазар Димитров“- заложници на општина Кисела Вода (ФОТО)

Пред повеќе од два месеци Општина Кисела Вода одлучи да ја раскопа улицата Лазар Димитров во населбата 11 Октомври, со цел повторно да ја асфалтира. Процесот на работа одеше многу споро. На терен работниците доаѓаа само по 5 часови на ден. Во неколку наврати по 10-тина денови воопшто не се работеше на улицата кон нејзина комплетна санација, велат жителите на улицата Лазар Димитров во населбата 11 Октомври во Скопје.

-Во меѓувреме, Водовод и Канализација агилно и навремено ги завршија интервенциите во нивен домен. И еве по повеќе од два месеци, како што можете да се уверите и на фотографиите, граѓаните од Кисела Вода живеат во заложништво на општината. Ниту едно од семејствата, не е во можност да влезе со својот автомобил до своите домови, станува збор за повеќе од 50тина куќи, а што е уште позастрашувачки, во случај на ненадеен пожар, противпожарно возило нема да биде во можност да се пробие, уште помалку амбулатно возило во случај на итна помош. На оваа улица живеат и повозрасни луѓе, кои не можат да се пробијат ниту до најблискиот маркет. Луѓето живеат како заробеници во своите домови повеќе од два месеци, стои во апелот на жителите кој го испратија до КУРИР и се додава:

Па затоа прашуваме, има ли Кисела Вода градоначалник?!

Неофицијално, добивме информација дека општината наводно во меѓувреме го потрошила буџетот на асфалтирање други улици, па затоа не може да ја финализира оваа улица.

Го прашуваме градоначалникот Филип Темелковски – Зошто тогаш воопшто се нафатија да ја демолираат и комплетно раскопаат улицата, ако немаат испланирано буџет да ја финализираат?!

Па затоа апелираме за помош до Вас ценети медиуми, бидејќи на сите наши прашања и барања останавме без одговор од Општина Кисела Вода. Повеќе пати досега беа пишувани дописи до општината и наидовме на игнорантен однос. Ниту еднаш не не удостоија со одговор.

Искрено се надеваме дека ова крајно непрофесионално и неодговорно (не)работење на Општина Кисела Вода ќе побуди интерес кај вас, за побрзо да се реши овој проблем.