среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 96
home Скопје

Жителите на Керамидница со прашање до Шилегов: До каде е ветувањето за реална и правилна проценка на имотите за изградба на новиот булевар?

Жителите на Керамидница со прашање до Шилегов: До каде е ветувањето за реална и правилна проценка на имотите за изградба на новиот булевар?

Жителите на населба Керамидница се обратија до нашата редакција револтирани од односот на Градоначалникот Шилегов.

Како што информираат граѓаните, Градоначалникот Шилегов ги повикал на состанок во месец октомври ветувајки и пореални проценки и проценки согласно пазарната вредност на објектите и земјиштето согласно закон.

Градоначалникот Шилегов имаше и јавни изјави дека просечната вена на објектите по м2 ќе биде околу 800 евра и дека до април ќе се решеле комплетно сите. Жителите реагираат дека се изневерени и разочарани од неговите ветувања и изјави и дека и после 2 години од најавата за новиот булевар сеуште нема ништо. Односно првично се понудени многу ниски цени по 400-500 евра за објектите по м2, на што јавно реагираа и граѓаните. Потоа биле повикани од Шилегов и добиле ветување за нови корегирани проценки.

Во дописот до нашата редакција јавно го повикуваат Шилегов да каже до каде се проценките и прашуваат каде ќе одат со семејствата кои живеаат во куќи од по 60-70 м2, а Шилегов првично им понудил 25-30.000 евра.

Жителите на Керамидница најавуваат и блокада на улиците доколку во најкус можен рок не добијат конкретни и реални понуди за нивните имоти .