среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 116
home Скопје

Жителите на Ѓорче Петров утре точно напладне излегуваат на протест против загадениот воздух

Жителите на Ѓорче Петров утре точно напладне излегуваат на протест против загадениот воздух

Фејсбук страната Ѓорче Петров објави статус на својот Фејсбук профил повукувајќи ги сите жители на општината на голем протест утре (недела) на 15 декември во 12 часот во населбата Даме Груев.

-ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ !

УТРЕ, НЕДЕЛА, 15-ТИ ДЕКЕМВРИ, 12 ЧАСОТ.
БЛОКАДА НА РАСКРСНИЦА НА УЛ. ЛУКА ГЕРОВ ЛАК СЕМАФОРИТЕ (КАЈ МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА)
НАСЕЛБА ДАМЕ ГРУЕВ

Правила на протестот:
1. Според Законот за јавни собири за време на протестот не смее да се консумираат опијати.
2. ЗАБРАНЕТО е користење на говор на омраза, националистички и партиски реторики и симболи

Дојди заедно да кажеме НЕ на загадувањеро на воздухот и негрижата на институциите за животната средина ! Да кажеме НЕ на 3500 смртни случаи годишно директно поврзани со аерозагадувањето !

#зеленареволуција, стои во нивниот пост на Фејсбук.