вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 137
home Скопје

Жителите на Ѓорче Петров утре излегуваат на протест- блокадата против урбаната мафија започнува точно напладне

Жителите на Ѓорче Петров утре излегуваат на протест- блокадата против урбаната мафија започнува точно напладне

Жителите на општината Ѓорче Петров повикуваат на протест и блокада која ќе се случува утре точно напладне.

-ПРОТЕСТ ! БЛОКАДА ! ПРОТЕСТ ! БЛОКАДА ! ПРОТЕСТ ! БЛОКАДА !
Утре, сабота (12.09) во 12ч. ќе се одржи мирен протест против изградбата на БЕТОНСКИ ЅИД од 58 метри на месноста Јурија, кој ќе содржи 800 станови и над 3.000 нови жители.
Улицата Ѓорчепетровска ќе биде блокирана за сообраќај со цел подигање на свеста кај локалната самоуправа, за измена на овој САМОУБИСТВЕН план кој ќе биде КАНЦЕР за Ѓорче Петров.
Се обидовме на сите можни начини да допреме до надлежните, ама за жал не наидовме на слух и овој начин ни остана последен.
Ние, граѓаните од Иницијативата против урбаното дивеење ги повикуваме сите граѓани, невладини и владини организации и сите оние кои ги тангира овој проблем ДА НИ СЕ ПРИКЛУЧАТ.
Локацијата е на фотографијата во ПРИЛОГ:, стои во нивниот пост на Фејсбук.

ПРОТЕСТ ! БЛОКАДА ! ПРОТЕСТ ! БЛОКАДА ! ПРОТЕСТ ! БЛОКАДА !

Утре, сабота (12.09) во 12ч. ќе се одржи мирен протест…

Posted by Ѓорче Петров on Friday, September 11, 2020

Коронавирус