понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 141
home Скопје

Жителите на Бутел излегуваат на протест во сабота- граѓаните заслужуваат поликлиника во општината

Жителите на Бутел излегуваат на протест во сабота- граѓаните заслужуваат поликлиника во општината

Граѓаните на општина Бутел денеска преку соопштение до јавноста информираат дека во сабота излегуваат на протест поради неоствареното ветување на нивниот градоначалник Велимир Смилевски.

-иницијативниот одбор “За добро на општина Бутел”
ПРОТЕСТ❗️БЛОКАДИ❗️ПРОТЕСТ❗️БЛОКАДИ❗️
Почитувани, дозволете најнапред да се заблагодариме на сите бутелчани без разлика на вера и нација, политичка или било каква друга припадност, кои безрезервно ја поддржавте нашата иницијатива за изградба на ветената поликлиника во Бутел. Ви благодариме и на безбројните пораки со поддршка кои пристигнаа на страната „Го сакам Бутел“. Тоа е мотив плус за нас како млади луѓе кои својата иднина ја планираат и ја градат овде во Бутел. И ова нема да биде еден и единствен протест преку кој ќе го кренеме нашиот глас да се слушнат потребите. Бутел заслужува еднакви услови како и сите други општини на територија на град Скопје.
Почитувани, иако преку нашето предходно соопштение побаравме одговор од градоначалникот на општина Бутел до каде е и кога ќе почне со изградба ветената ПОЛИКЛИНИКА во Бутел за жал не само што не добивме никаков одговор туку добивме само еден игнорантски и понижувачки однос! Имено градоначалникот на општина Бутел измативе денови имаше свое гостување на националниот канал во кое говореше за се само не за најголемите проблеми на Бутел и бутелчани. Не смогна сили ниту да ја спомене ниту да каже нешто за ветенета ПОЛИКЛИНИКА која патем самиот ја ветуваше измативе години.
Поради овој игнорантски однос и непочитување на основните потреби на бутелчани во САБОТА 2️⃣6️⃣.0️⃣9️⃣.2️⃣0️⃣2️⃣0️⃣ со почеток во 1️⃣1️⃣ часот ги покануваме сите жители на Бутел и околните општини на мирен протест на главната раскрсница на улица Бутелска кај слаткарницата.
Се гледаме ❗️, стои во нивниот пост на Фејсбук.

иницијативниот одбор “За добро на општина Бутел”

ПРОТЕСТ❗️БЛОКАДИ❗️ПРОТЕСТ❗️БЛОКАДИ❗️

Почитувани, дозволете најнапред…

Posted by Го сакам Бутел on Wednesday, September 23, 2020

Коронавирус