среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 91
home Скопје

Зимски јакни за 300 ученици од социјални семејства во општина Бутел

Зимски јакни за 300 ученици од социјални семејства во општина Бутел

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска ќе им подели нови зимски јакни на 300 ученици од социјално ранливите семејства од основните училишта во општината.

Детските зимски јакни, како што информираат од општина Бутел, се донација од компанијата „Здравје Радово“.

Општина Бутел доби уште една предновогодишна донација од невладината организација „Македонски центар за граѓанско образование“ во која има 100 јакни за возрасни, 100 дождовни мантили и 50 носачи за бебиња (кенгури). Но, нивната распределба, како што велат од општината, ќе биде направена по новогодишните празници.