сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Зелен хуман град: Спорна е изградбата на елитна населба кај Треска

Зелен хуман град: Спорна е изградбата на елитна населба кај Треска

Отако Град Скопје вчера објави дека започнува со изградба на комплексот „Планет“ во Општина Сарај со реакција излегаоа од граѓанската иницијатова „Зелен хуман град“.

Велат дека за овој проект јавноста не била информирана сè до денот на оваа објава, односно до вчера.

-Комплексот „Планет“ е лоциран вон населено место помеѓу реката Вардар и езерото Треска, до кое во моментот нема никаква достапна инфраструктура, односно автомобилски пристап, водовод и канализациона мрежа. Како изведбата на комплетно нова и скапа инфраструктура (која патем недостасува во веќе населени делови од Скопје), која треба да поврзе и опслужува елитна населба е во интерес на граѓаните на град Скопје? Кои се тие обични граѓани кои сметаат дека нивните пари треба да се потрошат на ваква инвестиција односно населба во која сигурно нема да можат да си дозволат да живеат, а уште помалку да ги користат игралиштата, парковите, фитнес и спа центрите? Или сиромашните граѓани кои живеат во субстандардни услови треба да бидат „поголеми луѓе“ и да им овозможат на богатите да живеат уште поубаво и побогато, реагираат од иницијативата.

Оттаму велат дека поврзувањето на оваа населба со останатите населби на територија на град Скопје ќе генерира дополнителен автомобилски сообраќај и секако изведба на нови булевари.

-Дури и нејзиното поврзување преку јавен превоз повторно е проблематично, бидејќи истото повлекува нови или зачестени автобуски линии кои, последователно, ќе придонесат кон зголемени емисии на CO2, велат од „Зелен хуман град“ од каде потсетуваат дека Шилегов во изјава од 2 октомври 2017 година вели дека нивната цел е да се ревитализира комплексот СРЦ Езеро Треска и да им овозможи на оние граѓани кои немаат средства да одат на одмор, во летните денови да се разладат и забавуваат токму овде. Во истата изјава вели: „Веројатно на некој му беше полесно и поедноставно, да гради, отколку да одржува нешто што скопјани многу одамна го имаат платено, со своите средства. На ова место ќе го вратиме животот во Скопје, живот во Скопје за сите“.

Четири години подоцна, и оваа владејачка структура изгледа сфати дека, сепак, навистина е полесно да се гради, а најлесно е кога се гради за елитата, децидени се од иницијативата.

-За градење вон населено место, потребно е да се донесе урбанистички план вон населено место. Постапката за донесување на урбанистички план вон населено место е детално опишана во член 29 од Законот за урбанистичко планирање (32/2020). На предлогот за донесување на урбанистичкиот план за вон населено место се врши стручна ревизија од членот 48 од ЗУП, од страна на стручна комисија што ја сочинуваат најмалку двајца членови со која се потврдува прифатливоста и оправданоста на предложените плански решенија. Прашуваме, која била стручната комисија која одлучила дека е прифатливо и оправдано да се донесе план, за чиешто спроведување ќе се потрошат милионски суми, директно од џебот на граѓаните, за да може група на граѓани да живее „елитно“ Исто така, за донесување на урбанистички план вон населено место, потребно е, како и за донесување на другите планови, да се организира јавна анкета и презентација во времетраење од најмалку 30 дена, а за плански опфати со програма што опфаќа сложени зафати од значење за јавниот интерес, може да трае до и 60 дена. Прашуваме, кога и на кој начин беше јавноста известена за јавната анкета и презенатција на овој план, стои во реакцијата на ЗХГ.

Коронавирус