петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 0
home Скопје

Започна ноќното бележење на хоризонталната сигнализација на скопските улици и булевари

Започна ноќното бележење на хоризонталната сигнализација на скопските улици и булевари

Екипите на ЈП Улици и патишта, кои ја одржуваат хоризонталната сигнализација, по налог на Град Скопје почнаа со ноќното обележување на сообраќајниците низ градот.

Во текот на изминатата ноќ се вршеше бележење на хоризонталната сигнализација на бул. Илинден во насока од бул. ВМРО кон улицата Никола Парапунов, машинско обележување на надолжни линии и такси станици кај СЦ Борис Трајковски, како и на улицата Франклин Рузвелт.

Вечерва машинско бележење на хоризонтална сигнализација ќе се врши во општина Центар на бул. М.Т.Гологанов на потегот од бул. Климент Охридски кон Рузвелтова.

Во рамки на пролетната акција во општина Ѓорче Петров вчера вечер започна обележувањето на такси станиците. Вечерва обележувањето на такси станиците од страна на ЈП Улици и патишта продолжува во населба Автокоманда.

Според однапред утврдената динамика на Град Скопје и Секторот за сообраќај, екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат во наредниот период со обновување и бележење на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Коронавирус