четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 85
home Скопје

Започна чистење на кејот на река Вардар

Започна чистење на кејот на река Вардар

Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со спроведување на активности за чистење на коритото на реката Вардар.

Деновиве започна чистењето на косините на реката Вардар во насока од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас“. Активностите се одвиваат на двете страни од кејот и истите се во вкупна должина од околу 3.500 метри.

На овој потег екипите со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините и од кејот и досега се исчистени околу 800 метри, во насока од мостот „Обединети Нации“ до Железниот мост во Влае.

Коронавирус