среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 99
home Скопје

Замрзнати ветувања за спас од загадениот воздух: Од 39 мерки, остварена само 1 во мандатот на Шилегов

Замрзнати ветувања за спас од загадениот воздух: Од 39 мерки, остварена само 1 во мандатот на Шилегов

Мерките против аерозагадувањето кои беа ветени уште во 2017, не се исполнуваат. Активистите тропаат на портите на Град Скопје, но одговори нема. Утрово Скопје повторно се најде на топ-листата на најзагадени градови во светот и тоа на третото место, а градоначалникот Петре Шилегов не одговара на нашите повици. Според последните достапни податоци, од 39 ветени мерки, исполнета е само една, анализира ИРЛ.МК.

Денес градоначалникот Петре Шилегов е 736 денови на должност, што е малку повеќе од 2 години. На половина пат на својот мандат, Град Скопје под негово водство досега има остварено вкупно 1 мерка. Започнати се 19 мерки, а воопшто незапочнати, исто така 19 мерки. Вреди да се напомене дека таа една мерка која е остварена, всушност не е преземање на акција, туку е запирање на акција. Единствената мерка која е остварена се однесува на прекин на користење калциум магнезиум ацетат за прскање на улиците кои се во надлежност на Град Скопје.

ЦЕЛАТА АНАЛИЗА НА ИРЛ.МК

Коронавирус