среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Загрижени жителите на Керамидница чии куќи се опфатени со изградба на новиот булевар АСНОМ: Ќе останеме на улица!

Загрижени жителите на Керамидница чии куќи се опфатени со изградба на новиот булевар АСНОМ: Ќе останеме на улица!

Загрижени жителите на Керамидница чии куќи се опфатени со изградба на новиот булевар АСНОМ со писмо до јавноста.

Тие со писмо до нашата редакција се пожалија дека иако уште во месец ноември 2019 година имале јавно ветување дури и изјава на медиуми од страна на Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов дека до април ќе бидат соодветно обештетени, се уште нема ништо од тоа ветување. Велат дека над 90% од куќите што се планираат да се рушат се уште не добиле ништо од страна на град Скопје.

Прашуваат дали средствата планирани за обештетување на жителите се потрошени за друга намена?

Тие реагираат дека ќе останат на улица без соодветен надомест, сметаат дека некој намерно тактизира за во 5 до 12 да ги исфрли од своите куќи.

Веќе се ближи летна сезона, реагираат дека ако нешто се планира треба да знаат за да си бараат солуција, но сметаат дека некој ќе сака пред зимата да ги остави во безизлез кога нема да можат да се снајдат. Разочарани се од лагите на властите во градот Скопје, иако досега во неколку наврати реагирале немаат повратен одговор, стои во нивното отворено писмо.

ЕУРО 2020

Македонија