сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Скопје

Загадувањето продолжува, властите ги исклучија мерните станици во пресрет на зимата?!

Загадувањето продолжува, властите ги исклучија мерните станици во пресрет на зимата?!

Во ПМ10 и ПМ2.5 честичките 91% учествува загревањето од дрво. Тоа го кажуваат сите анализи за жал 24% од граѓаните во скопските агумерациски регион се греат на парно, 42% се греат на дрва, изјави Макрадули за 1ТВ, правдајќи се за загадениот воздух.

Во отвореното студио на 1ТВ, активистот на организацијата О2 го демантираше Јани Макрадули со изјава дека се доведува во прашање дека со самиот 91% од загадувањето е последица на загревањето на дрва.

Активистката побара објаснување од Министерството за неверојатното загадување што беше забележано во август.

-Зошто онака мистериозно се исклучи мерната станица во Гази Баба која што не работи два ипол месеци, од 12-ти август. Токму таа мерна станица имало забележано пикови кои тие како активисти ги документираа кои автоматски се ставаат на сајтот на Министерство за животна средина и потоа одеднаш и тие мистериозно ги снема, посочија од невладината О2.

-На Скопје му е потребна итна стратегија за чист и квалитетен воздух. Затоа, по победата на локалните избори, како нова градска власт ќе преземеме низа краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето. Во прв план ќе бидат заштитата и дополнителното зголемување на парковите, дрворедите и сите зелени површини во градот. Процентот на зеленило мора драстично да се зголеми, особено во централното градско подрачје, ова беше дел од ветувањето на Петре Шилегов во кампањата за локалните избори.

Опозицијата пред неколку дена имаше и изјава каде што обелоденија дека власта крати 2 милиона евра од буџетот наменети за заштита на животната средина.