вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 72
home Скопје

Зафировски: Ветувам комплетна ревизија на финансиско работење на Општината и изградба на мултифункционален културен центар

Зафировски: Ветувам комплетна ревизија на финансиско работење на Општината и изградба на мултифункционален културен центар

„Комплетна ревизија на финансиското работење на во самата Општина, да видиме бидејќи во досегашните настапи цело време двајцата мои противкандидати се обвинуваат за големи суми на пари. Потребни ни се проекти, конкретни работи за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во смисол на спорт, култура. Ние во програма имаме отворање на еден голем мултифункционален културен центар кој што ќе биде на задоволство како на возрасната група така и на помладите бидејќи стварно децата немаат катчиња за да творат. На пример во Шведска има цела програма за да можете во таков културен дом да го оставите своите дете кое што низ игра со возрасните луѓе ќе научи многу“, истакна Оливер Зафировски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош во јавување за „Стадион“ на Канал 77.

Зафировски додаде дека таков мултифункционален центар ќе се изгради, бидејќи граѓаните затоа плаќаат даноци, да им се подобри квалитетот на животот во општината.

„Поради недомаќинското работење на актуелниот градоначалник Стефан Богоев, долгот на Општината односно сметката е зголемена“, нагласи Зафировски.

Локални избори 2021