понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 60
home Скопје

Зафировски: Проблемот паркинг во Карпош ќе стане минато, ќе изградиме над 5 катни гаражи, а за младите комплетна ревитализација на салата Партизан

Зафировски: Проблемот паркинг во Карпош ќе стане минато, ќе изградиме над 5 катни гаражи, а за младите комплетна ревитализација на салата Партизан

Не може повеќе да се бетонизира, а да не се прави план каде ќе има паркинг, ќе ни треба и децата да одат во школо, градинка, потребни се градинки, спортски сали, културен живот. Се прават згради без да се мисли за сите други потреби што ги имаат граѓаните, а каде се тука потребите на тие граѓани, но и аерозагадувањето, или промената на климата, изјави кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Оливер Зафировски во дебата со другите кандидати на Телевизија Телма.

Зафировски истакна дека Карпош има огромен проблем со паркинг простор и затоа во неговата програма се предвидува над 5 катни гаражи.

Ќе најдеме начин и простор тие да бидат функционални и во интерес на граѓаните. Местата каде ќе се направат катните гаражи тоа е Карпош 1 каде е оптеретено, делот кај Катастарот, кај млечен, Лептокарија, а во Карпош 4 нема простор за катна гаража бидејќи се е бетонизирано, рече Зафировски.

Воедно тој додаде дека Карпош мора да биде еколошки, чист и хумана општина, која во овој момент е запоставена и има голем број на површини кои не се домаќински одржувани и денеска ако погледнеме личат на пустина.

– Тие 50.000 метри квадратни зелени површини мора да ги обновиме. Има доста фондови од Европска банка за развој да аплицираме со издржани проекти, за да го решиме проблемот со аерозагадување кое е огромен проблем и за Карпош и за Скопје. Има можности да се аплицира со добар проект за да се добијат средства кои ќе се инвестираат за благодет на општината, изјави Зафировски.

Тој посочи и дека ќе ги стопира непродуктивните трошоци но и дека салата Партизан комплетно ќе биде ревитализирана како и просторот околу, а има во програмата има и два парка за миленичиња.

Коронавирус