четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 39
home Скопје

Зафировски на средба со жителите на Влае

Зафировски на средба со жителите на Влае

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош, Оливер Зафировски, денес заедно со носителот на листата, Роберт Вељановски остварија средба со жителите на населбата Влае, каде презентираа дел од својата програма.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Деновиве заедно со носителот на листа на советници, Роберт Вељановски остваривме средба со жителите на населбата Влае.

По низата разговори со жителите на населбата Влае, за жал се потврди дека голем е бројот на проблеми и предизвици со кои секојдневно се соочуваат граѓаните. Влае во изминативе четири години остана заборавено од локалната самоуправа, а предизборно ветените проекти сега се само дел од огромниот список на нереализирани проекти на актуелната власт.
Долга е листата на нереализирани проекти и нема да се задржам на истата, затоа што жителите на Влае заслужуваат многу повеќе, затоа што мојата визија и визијата на мојот тим не е во просечното, а мојата цел не е граѓаните да бидат задоволни со повремено асфалтирање улички и редење бетонски плочки.

Клучен сегмент и основна задача на секоја локална самоуправа е грижата за правилен урбанистички развој, одржувањето на редот и воспоставувањето соодветна структура на населените места.

Затоа се обврзувам и ветувам дека со мене и со мојот тим ќе добиете одговорна локална самоуправа која го реализира ветеното и ги слуша потребите на граѓаните.

Ме радува фактот што по остварената средба со жителите на населбата Влае, заклучивме дека токму проектите кои се дел од мојата Програма се и едни од клучните потреби на граѓаните од населбата Влае, а тоа се:

– Субвенции и грантови за подобрување на енергетска ефикасност (греење, енергетски фасади, врати и прозорци, соларни системи за топла вода и електрични панели за производство за струја на приватни објекти, претпријатија и општински и градски простори и објекти.
– Започнување на проекти за одвојување на фекална и атмосферска канализација.
– Изградба на еколошки монтажни катни гаражи.
– Замена и надградба на водоводната мрежа.
– Уредување и доопремување на игралиштето и поставување чешма.
– Реновирање и реконструкција на детското катче и игралиште на ул. „Корушка“.

Коронавирус