сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 27
home Скопје

Зафировски: Ќе имам 0 толеранција за урбаната мафија и конечно ќе ставам крај на малверзациите со градежни парцели

Зафировски: Ќе имам 0 толеранција за урбаната мафија и конечно ќе ставам крај на малверзациите со градежни парцели

Кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ за општина Карпош, Оливер Зафировски, вечерва гостуваше во ,,Само вистина” на Канал 5 кадешто дебатираше со своите противкандидати од другите политички партии.

Тој истакна дека еден од главните проблеми но и опасност за здравјето на жителите на општина Карпош е неконтролираното градење од страна на урбаната мафија кое се случува години наназад.

– Граѓаните нас нѐ бираат за да ги заштитиме а не да направиме промени во климатските услови. За 10 години ние сите ќе бегаме од Карпош. Температурата на Карпош е зголемена за 5 степени, ова лето почувствувавме што значи да се живее на бетон. Температурите достигнаа до 40 степени и тоа директно влијае на нашето здравје. Само од аерозагадувањето во Македонија умираат над 1300 луѓе и тоа е сериозна бројка. Само од личен интерес се направи бетонизација на Карпош без воопшто хуманост и ова мора да се стави под контрола. Она што мора да се гради ќе се гради, но не вакви џиновски чудовишта – истакна тој.

Зафировски рече дека доколку победи на овие избори ќе има 0 толеранција за урбаната мафија и конечно ќе се стави крај на малверзациите со градежни парцели.

Коронавирус