среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Скопје

Зафировски: Еден градоначалник треба да биде и добар менаџер, јас поседувам менаџерски способности и тоа го докажав со детската болница Козле

Зафировски: Еден градоначалник треба да биде и добар менаџер, јас поседувам менаџерски способности и тоа го докажав со детската болница Козле

Кандидатот за градоначалник за општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски смета дека за да се биде успешен градоначалник, потребно е да се биде и добар менаџер кој што ќе знае да управува со комплексните проблеми и ситуации во локалната власт.

Зафировски во дебатната емисија на телевизија Шења која што беше посветена на општина Карпош истакна дека, потребните менацерски способности тој ги поседува и истите почна да ги стекнува кога уште на 10-годишна возраст, почнал да помага и да работи во приватниот бизнис на неговото семејство.

Тој додаде дека сето ова се потврдило и за време на неговото раководење на детската болница за белогробни заболувања – Козле, при што од една руинирана зграда болницата успеа да ја претвори во еден најсовремен мал клинички центар.

„Јас мислам дека еден градоначалник треба да биде и менаџер. Јас потекнувам од семејство кое што се занимавало со бизнис уште во бивша Југославија и јас како син на газдата, од десет години работев во бизнисот. Така да, јас менаџерските особини ги имама стекнато уште како помлад и сето тоа ми даде основ да бидам еден од поуспешните директори во тек на 11-годишно мое директување во детската болница Скопје“, рече Зафировски.

Зафировски посочи дека сепак општина Карпош е една од поголемите и покоплексните општини за менаџирање и поради тоа мора нешто да се превземи и затоа што како една од најурбаните општини во градот Скопје, таа никогаш не била по нечиста, нешто што не е дозволиво за 21 век.

„Останувам на ставот дека мораме нешто да смениме, бидејќи не е една институција кога ќе ја гледате општината Карпош, каде што навистина има таква една нехигиена, што за 21 век е недозволиво да ние во Скопје, во Карпош имаме месни заедници кои што не исполнуваат ниту еден минимум за таква нехигиена. Тука е и секако хаосот во сообраќајот, кој се заложувам дека да го решам“, истакна Зафировски.

Во однос на прашањето што бара еден лекар во политика, Зафировски истакна дека на тоа го предизвикало тоа што во здравството има многу политика, при што со последната Ковид пандемија, видовме како таа политика го доведе здравството во катастрофален распад.

„Во здравството има многу политика, а сведоци сме сега со Ковид-пандемијата, дека таа политика доведе до овој катастрофален распад на здравствениот систем. Затоа и мојата одлука, како лекар, е да се кандидирам за градоначалник на општина Карпош“, вели Зафировски.

Локални избори 2021