петок, 23. август 2019. Вести денес: 9
home Скопје

Забрана за запирање на возила за доставување стока во централното градско подрачје од 7:30 до 18 часот, Градот со апел да се почитува

Забрана за запирање на возила за доставување стока во централното градско подрачје од 7:30 до 18 часот, Градот со апел да се почитува

Градот Скопје апелира до стопанските субјекти да ја почитуваат забраната за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.

Советот на Град Скопје на седницата одржана на 19.03.2018 година како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот во градот ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје.

Со оваа одлука, трајно се забранува запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.