четврток, 24. јануари 2019. Вести денес: 75
home Скопје

За Шилегов „Карпош 4“ не е приоритет за чистење од снег

За Шилегов „Карпош 4“ не е приоритет за чистење од снег

Вчера во Централниот дневник на 1ТВ, новинарската екипа беше во „ЦУКС“ каде што му постави одредени прашања и на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој ја нагледуваше ситуацијата на сообраќајните патишта по градот од таму.

Новинарот при интервјуто со Градоначалникот на Град Скопје му постави прашање – „Што е со тоа на тротоарите, бидејќи граѓаните верувам дека сте активни на социјалните мрежи ве критикуваа постојано како секоја претходна локална власт во однос на чистењето на конкретно и на улиците и на тротоарите? Еве јас како не можев буквално пешачки премин да поминам во „Карпош 4“ што е со тој дел?“

„Ние имаме приоритети во дејствувањето на зимската служба на Градот Скопје, најпрвичен приоритет е да овозможиме непречен сообраќај по главните градски сообраќајници. Тоа е како примарна активност, а секундарна односно второстепена активност на градските зимски служби е да се префрлат на непреченото движење на пешаците и на велосипедистите. И веќе во текот на денешниот ден во попладневните часови започнавме со расчистување на тротоарите и на пешачките зони, и на велосипедските зони во малиот триинг, на Партизанска кон Центар нели Илинденска така што очекувам веќе дека во текот на утрешен ден ќе имаме една беспрекорна состојба која што се однесува на сообраќајници меѓутоа и на пешаците“ – одговори Шилегов.