сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 12
home Скопје

За еден месец во општина Центар отстранети се 799 возила

За еден месец во општина Центар отстранети се 799 возила

Сообраќајната полиција и „Пајак службата“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје во текот на месец февруари санкционираа и отстранија 799 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар.

-Со помош на трите специјални возила „пајак“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, во периодот од 01.02. до 28.02.2019 година, отстранети се 799 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, од кои пет (5) несовесно паркирани возила биле затекнати на паркинг места наменети за лица со посебни потреби. ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, се наведува во соопштението.