четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 38
home Скопје

ЗА 24 ЧАСА: 135 возачи казнети во Скопје

ЗА 24 ЧАСА: 135 возачи казнети во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11, осум за непрописно престројување, шест за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 10 прекршоци што ги чинат пешаците, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 59 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Коронавирус