сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Скопје

Вработена во ЈСП тврди дека поради тоа што го тужела претпријатието трпи мобинг

Вработена во ЈСП тврди дека поради тоа што го тужела претпријатието трпи мобинг

Вербални закани, мобинг во секоја смисла, деградирање од повисока на пониска работна позиција – вака Елизабета Тошевска ја опишува работната атмосфера во ЈСП, во последнo време, иако има стаж пoдолг од три децении.
Од независниот синдикат во ЈСП поднеле тужба дека со години не добивале К-15, откако во 2019 година случајот го добиле на суд, вработените добивале вербални закани, обвинува Тошевска.

“Дури траеше постапката на суд бевме повикани поединечно еден по еден во канцеларија кај еден од раководните лица во смисла да не убеди да се откажеме од тужењето, на кое што многу од луѓето се откажаа останавме само 18 што продолживме и стигнавме до крај. Случајот го добивме на суд, и откако ги добивме парите почнува голготата, почнува освета, почнува деградирање, јавување на телефон итн” – вели Елизабета Тошевска – вработена во ЈСП.

Тошевска работела како диспечер во оперативен контролен центар, но според нејзините тврдења по барањето на правата за 13та плата ја префрлиле на пониска работна позиција како снимач на сообраќај, притоа и се вршел мобинг.

“Јас три години работам со 6000 денари помалку личен доход, за на крај, како реваншизам и освета ме деградираат на многу пониско работно место, сега сум снимач на сообраќај на киосците на транспортен центар со многу понизок личен доход” – додава Тошевска.

Од ЈСП ги отфрлаат обвинувањата на вработената со оправдание дека се неосновани, и сметаат дека тоа е само грубо извртување на фактите, на моменти, за жал и политичко кокетирање.

“Во случајов, ЈСП Скопје смета дека колешката неосновано обвинува дека поради нејзините барања за К-15 и наведените тужби, добила пониска работна позиција и помала плата, а истовремено дека и се врши мобинг. ЈСП Скопје пристапува максимално професионално и законски во сите интерни процедури и постапки, како во однос на вработените, така и при извршување на основната дејност” – велат од ЈСП.

Надлежните во ЈСП сметаат дека вработената инсистирала некој да биде прераспределен, како посакуваното место од нејзина страна би се ослободило и дека неисполнувањето на нечии желби не може да преставува вознемирување на работно место и дека се постапува согласно законските прописи.

ИЗВОР: ТВ АЛФА

Парламентарни избори 2020