петок, 25. септември 2020. Вести денес: 180
home Скопје

Водоводната цевка е пукната 30 дена, надлежните никаде ги нема: Асфалтот накај Орман е кренат и почна да пука (ВИДЕО)

Водоводната цевка е пукната 30 дена, надлежните никаде ги нема: Асфалтот накај Орман е кренат и почна да пука (ВИДЕО)

30 (ТРИЕСЕТ) дена е пукната водоводната цевка која е под патот накај с. Орман. 30(ТРИЕСЕТ) дена џабе е пријавување, молење и вртење по телефоните во ЈП Водовод, град Скопје и општина Ѓорче Петров, реагираат граѓаните од оваа скопска општина.

„Асфалтот е кренат и почнува да пука, а патот е направен пред 4-5 години и е релативно нов.

Во с. Кучково веќе 4 месеци нема вода за пиење, а тука се трошат илјадници кубици вода.

Невидена неажурност и мрзоволие. Одвратно дури !

Ги повикуваме надлежните институции да постапат и да го решат овој проблем !

Да го санираат дефектот и да го вратат асфалтот во првобитната состојба.

И ДА ПОЧНАТ ДА РЕАГИРААТ КОГА ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ“-порачуваат граѓаните на Ѓорче Петров.

Коронавирус