петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Водно ќе биде затворено за движење од 18 часот до 7 наутро

Водно ќе биде затворено за движење од 18 часот до 7 наутро

Водно ќе биде затворено за движење после 18 часот.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија Телма најави нови мерки на Владата во борба за коронавирусот.

-Го затвораме Водно од 18 часот до 7 часот наутро. Доколку објекти се издаваат за организирање журки, кривично ќе бидат гонети сопствениците, а сите што биле во објектот ќе бидат гонети и сместени во изолација. Маркетите и супермаркетите да воспостават редарска служба што ќе дозволува само одреден број да влезат внатре, а оние што чекаат надвор да бидат на два метри одалеченост, најави Спасовски.

Коронавирус