вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Во вторник бесплатен автобуски превоз за сите: Овие 3 линии воопшто нема да бидат во функција

Во вторник бесплатен автобуски превоз за сите: Овие 3 линии воопшто нема да бидат во функција

Од 7 до 16 часот во вторник за време на Апостолската посета на Папата Франциск ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција. Превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.

Од Јавното претпријатие информираат дека поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање, како и дека нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.

На веб страната на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk може да се види детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.