вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 104
home Скопје

Во тек е јавниот повик за субвенционирање чистење оџаци во Скопје

Во тек е јавниот повик за субвенционирање чистење оџаци во Скопје

Градот Скопје Ве повикува да се пријавите на Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2018 година.

Повикот е во тек, почна на 25.09.2018 година, трае 60 календарски дена од денот на објавувањето, заклучно со 22.11.2018 година, и се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Со овој повик, Градот Скопје ќе им надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да ги достави следниве документи:

– Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk);

– Доказ за жителство во град Скопје: Фотокопија од лична карта или пасош;

– Доказ за правен субјект: Тековна состојба не постара од 6 месеци;

– Потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот;

– Фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности). Фискалната сметка треба да биде  издадена во периодот од почетокот на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот, и

– Фотокопија од трансакциска сметка / жиро сметка.

Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.

Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следната интернет врска – www.skopje.gov.mk/Uploads/Јавни Повици/Јавен повик – оџаци-.doc 24.09.18.pdf

Барањето за надоместок можете да го преземете на следната интернет врска –

http://www.skopje.gov.mk/Uploads/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B8/%D0%9E%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B5%D1%86%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D0%B8%202018.doc