понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 109
home Скопје

Во среда почнува осмата ликовна колонија „Љубанци 2018“

Во среда почнува осмата ликовна колонија „Љубанци 2018“

Во среда, 13.06.2018 година во Љубанци ќе започне со работа осмата ликовна колонија, „Љубанци 2018“.

Градоначалникот Велимир Смилевски и претседтелот на Здружението на ликовни педагози, Владимир Лазоски во Љубанци во  ОУ ,,Гоце Делчев“ во 10,00 часот ќе дадат изјави за медиумите, за оваа, веќе традиционална манифестација на Општина Бутел.

Инаку, на годинешнава ликовна колонија ќе учествуваат дваесетина ликовни творци од земјава и од странство. Од домашните ликовни уметници учество ќе земат : Данчо Ордев, Новица Трајковски, Илија Богоевски, Владимир Лазоски, Ристо Андреев, Боро Арсовски, Орце Гогов, Харалампие Манчев и др.

И на годинешнава ликовна колонија ,,Љубанци 2018,, ќе учествуваат автори од Република Србија: Владан Ранѓеловиќ, Светислав Славковиќ и Наташа Радосављевиќ. Граѓаните на Општина Бутел ќе можат поодблиску да се запознаат со ликовната уметница од Белград Наташа Радосављевиќ, бидејќи во просториите на Општината ќе бидат изложени 15 нејзини слики.

За една недела, колку што ќе работи колонијата, ќе бидат создадни околу триесетина уметнички слики, главно со мотиви од старата љубанска архитектура и убавините на Скопска Црна Гора.

И годинава, неколку уметници ќе работат скулптури во дрво и мермер.

Исто така, на 18.06.2018 г. (понеделник) ќе се одржи и детскиот ликовен ден, кога дваесеттина најталентирани ученици од основните училишта во општина Бутел, ќе се дружат и ќе творат заедно со познатите уметници и ликовни педагози.

Организатор на колонијата е Општина Бутел во соработка со Здружението на ликовни педагози – Скопје.

Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

Ликовната колонија ќе работи до 20.06.2018 година.