вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 38
home Скопје

Во скопското хемиско училиште наставата се уште не е започната- причината се лагите на Шилегов кои ги ветуваше со месеци (ФОТО)

Во скопското хемиско училиште наставата се уште не е започната- причината се лагите на Шилегов кои ги ветуваше со месеци (ФОТО)

Учебната 2019/2020 година започна но изгледа по се не започна за учениците од средното „Марија Кири Склодовска“, бидејќи зградата наликува на градилиште. Уште во мај месец беше ветена и најавена фасадата, но сеуште не е довршена.

Бидејќи во вакви услови не можат учениците да имаат настава затоа што им се загрозува безбедноста. А,насекаде околу училиштето има градежни материјали, шут, дури може да се забележи дека не нема и прозори.

Од самото училиште имаа објавено и известување дека почетокот на учебната година во ова училиште е одложено, но не е потенцирано до кога.

„Почитувани ученици, родители/старатели и наставници,

Средното училиште на Град Скопје „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје,

Ве известува дека почетокот на учебната 2019/2020 година е одложен од причина што не постојат услови за непречено реализирање на воспитно – образовната работа во училиштето поради изведување на поголеми градежни работи со изработка на нова енергетско – ефикасна фасада со визуелизација.

За почетокот на учебната 2019/2020 година, ќе бидете дополнително известени со посебно Известување“, стои во нивното соопштение.

Зошто до сега не беше реновирано училиштето? – прашање кое го поставуваат и учениците и родителите. Можеби треба и Шилегов на ова да одговори бидејќи тој најави нова фасада на училиштето уште во мај месец.

Поради градоначалникот, учениците се спречени да одат на училиште како другите ученици. Дури самите стравуваат дека поради пролонгирањето на учебната година ќе треба да одработуваат испуштени часови саботи и недели и тоа не по нивна вина.

Инаку во мај годинава Шилегов најави дека средното училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“ наскоро ќе добие нова енергетски ефикасна фасада со што целосно ќе се промени постојниот изглед на зградата, изградена во 1969 година.

На почетокот на градежните работи за реконструкција на фасадата на училиштето уште во мај месец присуствуваше градоначалникот Петре Шилегов.

– Со оваа реконструкција „Марија Кири Склодовска“ по 50 години добива нов лик, квалитетна и енергетско ефикасна фасада која ќе им овозможи на учениците и на вработените подостоинствени услови за учење и за работа. Се работи за нова структурална стаклена фасада со карактеристики на енергетски ефикасна фасада, специфична по визуелниот и естетски стил. Проектирана е модерно, од стакло и алуминиум, составена од алуминиумски композитни панели во боја, со нови челични профили и алуминиумска подконструкција. Вкупната вредност за изработка на фасадата изнесува 44.840.000 денари со вклучен ДДВ, рече градоначалникот Шилегов.