среда, 26. јануари 2022. Вести денес: 107
АКТУЕЛНО

Активни над 20.800 случаи на коронавирус

home Скопје

Во Скопје вкупно се лекуваат 58 лица позитивни на коронавирусот – еве каква е состојбата на инфективните одделенија во главниот град

Во Скопје вкупно се лекуваат 58 лица позитивни на коронавирусот – еве каква е состојбата на инфективните одделенија во главниот град

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 58 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така немало примени пациенти, ниту пак на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 18 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 32
пациенти.

Вкупно 58 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 87 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Коронавирус