сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 1
home Скопје

Во Скопје вчера 12 сообраќајки, пајакот подигнал 73 возила

Во Скопје вчера 12 сообраќајки, пајакот подигнал 73 возила

Во вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле вчера на подрачјето на Град Скопје, четири лица се здобиле со лесни, а три со тешки телесни повреди.

Со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак се движеле 66 возачи. Исклучени од сообраќај се шест возачи, кои биле без возачки дозволи.

Пајакот подигнал 73 возила.

Од СВР Скопје информираат дека се преземени мерки и кон тројца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, други двајца не поседувале пропишана зимска опрема, а осум користеле мобилен телефон додека управувале со моторното возило.