понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 119
home Скопје

Во Скопје вчера 11 сообраќајки, “пајакот“ подигна 73 возила

Непрописно паркирани биле 129 возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 73 возила.
Во Скопје вчера 11 сообраќајки, “пајакот“ подигна 73 возила

Едно лице е потешко повредено во една сообраќајна несреќа од вкупно 11 сообраќајки што се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје.

Полесно повредени се осум лица во пет сообраќајни незгоди, а материјална штета е причинета исто така во пет сообраќајки.

Во изминатото деноноќие, 41 возач ја надминале дозволената брзина, а од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои четворица биле под дејство на алкохол и 14 возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило.

Тројца возачи поминале на црвено светло на раскрсница. Од сообраќај се исклучени 15 нерегистрирани возила. Непрописно паркирани биле 129 возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 73 возила.

Кај пешаците во текот на изминатото деноноќие, четворица поминале на црвено светло. Во текот на денешниот ден, едукативни работилници ќе бидат реализирани со ученици од второ и четврто одделение во основното училиште „Лазо Трповски“ во општина Карпош.