недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 11
home Скопје

Во Скопје санкционирани 287 возачи – 30 возеле без возачка дозвола

Во Скопје санкционирани 287 возачи – 30 возеле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 287 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30 санкции, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 20 санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за непочитување на брзина на движење, 10 за некористење на сигурносен појас, 11 за непрописно престројување на возила и 83 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

ЕУРО 2020

Македонија