недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Во Скопје отстранети 120 непрописно паркирани возила

Во Скопје отстранети 120 непрописно паркирани возила

Вкупно 120 непрописно паркирани возила се отстранети изминатата недела од јавните површини во Скопје. Од нив, 49 се отстранети од зонските паркиралишта, а 71 возило по налог на сообраќајната полиција.

Од Град Скопје денеска информираа дека контролорите на зонските паркиралишта во овој период санкционирале вкупно 305 возила поради неплатена паркинг-услуга. Од нив, 49 возила се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Од Градот и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возилата да ги паркираат на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Град Скопје