сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Во Скопје натпревар НАСА кидс спејс челинџ

Во Скопје натпревар НАСА кидс спејс челинџ

Во Скопје денеска ќе се одржи натпревар НАСА кидс спејс челинџ, кој е дел од меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge.

Целта на настанот е децата да добијат можност за изразување на својата креативност и од мали нозе да се поттикне нивната љубопитност за истражување на вселената и љубовта кон науката. Децата за време на натпреварот ќе работат на решавање на реални предизвици со кои се соочува човекот за време на планирањето и реализирањето на вселенските мисии и истражувања, но и при животот на Земјата.

Децата се на возраст од 6 до 10 години и ќе работат во тимови со претходно дадени насоки од ментори. Преку цртање, боење, моделирање со глина, сечење, лепење и создавање на модели, децата ќе имаат можност да креираат едукативна вселенска игра, да дизајнираат вселенско одело на иднината, да ги планираат идните вселенски патувања и мисиии, како и да размислуваат како би изгледал животот во иднина на Земјата или некоја друга планета.

Организатор на настанот  е Њуменс Бизнис Акцелераторот, во партнерство со Стопанска банка АД – Скопје.

Коронавирус