петок, 20. мај 2022. Вести денес: 0
home Скопје

Во Скопје казнети 129 возачи

Во Скопје казнети 129 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за технички неисправни возила.

Изречени се пет мерки за возач почетник, три санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Коронавирус