четврток, 4. март 2021. Вести денес: 143
home Скопје

Во Скопје 213 санкционирани возачи – 23 за возење без возачка дозвола

Во Скопје 213 санкционирани возачи – 23 за возење без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 санкции, 14 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 25 за користење на мобилен телефон. Изречени се 8 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 5 за непочитување на брзината на движење, 45 мерки за непрописно паркирани возила и 7 за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Коронавирус