вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Во Скопје 131 новозаразен со КОВИД-19, најмногу од Чаир

Во Скопје 131 новозаразен со КОВИД-19, најмногу од Чаир

Во изминатите 24 часа во Скопје е евидентиран 131 новозаразен од коронавирусот КОВИД-19, со што бројот на активни случаи се зголеми на 960. Вчера во Скопје има и 12 оздравени од КОВИД-19, како и тројца починати.

Најголем број од новозаразените 14, повторно се од Чаир.

Во Чаир е најголема и вкупната бројка на заразени 209, по што следат Бутел со 76, Аеродром и Гази Баба со по 75, Центар со 73, Карпош со 72, Сарај 64, Кисела Вода 43, Ѓорче Петров 35, Шуто Оризари 26 и Студеничани и Арачиново со по 24 заразени. Илинден има вкупно 19 заразени со КОВИД-19, Петровец шест, Чучер Сандево четири, Сопиште два, а двајца од заразените се странци.

Локални избори 2021