недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Скопје

Во понеделник без вода ќе бидат некои општини од Скопје

Во понеделник без вода ќе бидат некои општини од Скопје

Известувње од ЈП Водовод и канализација за ден 07.12.2020 година ( понеделник )

Заради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф-300мм на раскрсницата на ул. Босна и Херцеговина со ул. Кемал Сејфула, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Босна и херцеговина, ул. Костурска како и објектите на Поликлиника – Чаир и Медицина на трудот. ( Општина Бутел )

Поради отстранување дефект на ПП Хидрант на ул. Михаил Чаков бб, од 09:00 часот до отстранување на дефектот, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул. Михаил Чаков и ул. Ѓорѓи Сугаре. (Општина Кисела Вода)

Поради отстранување уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф 300мм на ул. Народни Херои (кај ОУ Кирил Пејчиновиќ), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат корисниците од ул. Народни Херои и ул. Пушкинова. ( Општина Кисела Вода)

Поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од Ф 200 мм на Бул. Партизански одреди, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, без водоснабдување ќе останат корисниците од околните објекти во близина на ТЦ Алумина, зградата на Базаро и кулата на Горење. ( Општина Карпош)

Коронавирус