вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Скопје

Во петок втора фаза од авионско прскање против комарци во Скопје

Во петок втора фаза од авионско прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 26.06.2020 година (петок) во раните утрински часови.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Градот.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.