сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 85
home Скопје

Во општина Кисела Вода фрлени околу 20 тони сол

Во општина Кисела Вода фрлени околу 20 тони сол

Општина Кисела Вода информира дека се расчистуваат улиците од снежните наноси. Со помош на камиони и механизација за расчистување на снегот фрлени се околу 20 тони сол.

Работниците на фирмата „Анизор“, ангажирана од општината, заедно со сезонските работници од вчера, од 18 часот, биле излезени на терен во текот на ноќта, а нивните активности продолжиле и од 4 часот утринава и ќе траат во текот на целиот ден.

Општина Кисела Вода информира дека интензивно се работи на расчистување на просторот околу градиниките и основните училишта, а се интервенира и на автобуските постојки. Кризниот штаб на општина Кисела Вода е во постојана координација и со службите на ЈП „Улици и патишта“ кои ги расчистуваат главните улици.

Општина Кисела Вода апелира до сите жители да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.

Коронавирус