сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 25
home Скопје

Во општина Илинден за Водици крстот ќе се положи во езерото на хотелот Белви

Во општина Илинден за Водици крстот ќе се положи во езерото на хотелот Белви

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во  населба Илинден.

За таа цел се повикуваат граѓаните на ден 19.01.2018 г. (петок) со почеток во 12:00 часот, да присуствуваат на оваа манифестација и заеднички да го одбележиме овој голем ден за сите христијани.

Сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“, во населба Илинден.

За најсреќниот учесник што ќе успее да го фати крстот, обезбедени се пригодни подароци.

Коронавирус