петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 135
home Скопје

Во општина Илинден 88 сакционирани возачи

Во општина Илинден 88 сакционирани возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.01) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на општина Илинден изречени се вкупно 88 мерки, од кои 11 за управување со брзина поголема од дозволената, 6 за возење без возачка дозвола, 2 за минување на затворен семафор (црвено светло), 6 санкции за користење на мобилен телефон, 8 за возење под дејство на алкохол, 5 за техничка неисправност и нерегистрирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Најнови вести

Локални избори 2021