вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Во Ново Лисиче гневни: Пајаците на Град Скопје креваа возила на паркинг, без ниту еден знак за забрането паркирање (ФОТО)

Во Ново Лисиче гневни: Пајаците на Град Скопје креваа возила на паркинг, без ниту еден знак за забрането паркирање (ФОТО)

Пајак службата на Град Скопје вчера во скопската населба Ново Лисиче, кај паркот на авиончето, кревале возила кои биле паркирани на паркинг, а не на пешачка зона, на место каде што нема ниту еден знак за забрането паркирање.

Новинарот Сеад Ризвановиќ на Фејсбук напиша дека ова е срамота за МВР, Град Скопје и пајак службата, кои направиле рација во паркот на авиончето во Лисиче.

-За прв пат откако постои паркот тука тргнаа пајаци да дигаат возила паркирани на ПАРКИНГ, не на пешачка зона, на место каде нема ниту еден знак за забрането паркирање, пишува Ризвановиќ на Фејсбук и продолжува.

– Браво за градот и храбрите пајаци, успеаја да ги избркаат децата и нивните родители од ретките места каде можат да избегаат од загадениот воздух. Иронијата да биде поголема тука градот ги премести вртелешките од центарот за децата од најгусто населените населби во државаат да имаат каде да се играат, пишува Ризвановиќ

Тој на крајот им порача „уште едно браво, и продолжете така“.

Коронавирус