четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Скопје

Во недостиг на свои проекти, Шилегов се фали со уништување на туѓи проекти

Во недостиг на свои проекти, Шилегов се фали со уништување на туѓи проекти

Изминативе денови се поактуелно е отстранувањето на галиите кои беа поставение на реката Вардар. Како тоа да не му беше доволно на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов па вчера тој во интервју за „Етнос.гр“ ја објаснил одлуката за остранување на галите, а во однос на спомениците на скопскиот плоштад рекол дека изразува надеж дека коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад.

-За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвика штета на градот поради можноста за излевање на водата. Но, освен опасен е и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не, припаѓа на нашата традиција, култура и цивилиазација, вели Шилегов.

Овие негови изјави на Шилегов беа многу критикувани од голем број на граѓаните како и од советниците во Советот на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера ја видов веста каде градоначалникот Шилегов кажува дека се надева дека коњот кој се на наоѓа на плоштадот ќе биде отстранет. Лично сменат дека има многу поважни работи за кои властите треба да се занимават. Имаме период на пандемија секојдневно се губат човечки живот, нема вакцини, голем број на граѓани изгубија работни места, немаат приходи да ги поминат месецот и така натаму. Мислам дека сега поважно е властите да се насочат кон решавање на овие проблеми отколку да се отстрануваат нешта кои претходно некој го направил, ни раскажа граѓанин.

Во врска со оваа проблематика се огласи и Ирена Попова, Советничка од Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. Таа во својот фб статус посочува дека градоначалникот Шилегов во овие 4 години откако е градоначалник нема ништо реазлизирано од тоа што ветил.

-Ти само надевај се.Надевај се, лажи, манипулирај!Бидејќи 4 години од мандат ги преспа. Шилегов 4 години шајка не закова, не реализира ниту едно ветување од својата програма. Нема нов луна парк, нема нови булевари, подземни кружни текови, тунел под кале, нема ништо од тоа што ветуваше. После 4 години мора нешто да зборува, па затоа ,,сега ќе руши”, стои во статусот на советничката.

Во врска со ова проблематика се огласи и Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје каде посочува по што граѓаните ќе го паметат градоначалникот Шилегов.

Шилегов ќе остане запаметен кај Скопјани!!!

– го сруши Ќосето-засади дрво, ех море Петре дрво едно дрвосано!

-ја продаде Градска куќа, ех море Петре да ги сместеше административците во истата немаше да пикаш џаболебари и ќе ги заштитеше административците од ковид (нов простор, лесен за чистење и дезинфекција, ред), ех море Петре профитеру!

-ги одлепи фасадите ќе ти го грубеле градот, ех море Петре погруби од тебе неможат да бидат!

-ги тргна коњите, кочијата, велосипедите, возилата за туристи, ех море Петре продаваш градски манири а во душа сељачка капаица!

-ги сруши столбовите несакаш панорамско тркало, ех Петре како се вртиш во круг џабе ти ееее мина мандатот!

-ќе ги тргаш Галиите – ќе не поплавел Вардар, ех море Петре како би те бутнала во една од нив и би те пратила во родниот ти крај ( да можам веднаш).

О граду убав одамна си немал чума, еве ја дојде!, напиша Колариќ.

Коронавирус