четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 36
home Скопје

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради улична трка – еве кои улици ќе бидат затворени

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради улична трка – еве кои улици ќе бидат затворени

На 13.06.2021 година (недела) во временски период од 07.00 до 10.00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка на 10 км насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К 2021“, со траса на движење од бул.„Илинден“ (во двете насоки) од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ (Фонтана Градски парк) до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево по ул.„Никола Парапунов“ десно по бул.„Партизански oдреди“ до крстосница со ул.„Ангел Динев“ (мост Влајко) полукружно назад по бул.„Партизански oдреди“ (во насока кон Сити мол) до крстосница со ул.„Љубљанска“, полукружно назад по бул.„Партизански oдреди“, десно по ул.„Никола Парапунов“, десно по бул.„Илинден“ до целта (Фонтана Градски парк) во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ЕУРО 2020

Македонија