четврток, 22. април 2021. Вести денес: 76
home Скопје

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти – вкупно се лекуваaт 353 болни

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти – вкупно се лекуваaт 353 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 353 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 примени пациенти и 19 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен 1 пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациент со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 125 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 353 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Коронавирус