сабота, 10. април 2021. Вести денес: 72
home Скопје

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти – вкупно се лекуваaт 248 болни

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 24 пациенти – вкупно се лекуваaт 248 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти и 9 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти. На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 248 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Коронавирус