понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 104
home Скопје

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 360 болни

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 360 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за уво нос и грло, на Очната клиника, на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за Нефрологија. Четворица болни се примени на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало четири нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника еден во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациент, на Клиниката за очни болести 6 пациенти, а на ОРЛ 19 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.
Вкупно 360 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Коронавирус